За нас

Меѓународниот сојуз Скопје

Меѓународниот сојуз Скопје, е асоцијација за заштита на цивилното општество, социјално загрозените и маргинализирани категории на граѓани и унапредување на човековите слободи и права.
Сојузот работи како граѓанска организација и своето делување го темели врз основа на хуманизам, заедништво, меѓусебна соработка и помош.
Организација која се стреми да обезбеди подобра иднина за најзагрозените и најранливите категории на граѓани во македонското општество.

Главни целни групи на делување на сојузот се општествено најранливите и маргинализирани групи граѓани како: децата на улица, бездомниците, граѓаните кои живеат во исклучителен социјален ризик и сиромаштија.
Општа целна група се граѓаните на Република Македонија.

Во својата работа и делување, Меѓународниот сојуз се стреми на целосно почитување на сите Европски декларации и конвенции за заштита и унапредување на човековите слободи и права, и ќе настојува да ги примени и пренесе најдобрите практики и европски вредности и во нашата држава, со цел сите граѓани да живеат во подостоинствени и хармонични услови и подобра социјална кохезија.

Своите активности Меѓународниот сојуз ги реализира со воспоставување на соработка со организации од граѓанскиот сектор, развивање регионална и меѓународна соработка и вмрежување и иницирање на краторочни, среднорочни и долготрајни решенија за заштита на цивилното општество и социјално загрозените категории на граѓани.

Стратешки партнери на сојузот се јавните и државни институции чијашто проблематика директно ги тангира социјално загрозените и маргинализирани категории на граѓани.
Меѓународниот сојуз се стреми кој иницирање и формирање на јавно-приватни партнерства заради остварување на својата мисија и стратешки цели.

Меѓународниот сојуз ќе обезбедува фондови за поддршка на лицата кои живеат во исклучителен социјален ризик и имаат потреба од итна помош и поддршка.
Сојузот се финансира од донации, спонзорства, проекти, странски и домашни фондации и организации, централниот буџет и буџетите на општините, а во согласност со Законот за граѓански организации и фондации.

© Copyright 2017 - Асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории "Меѓународен Сојуз - Скопје"